Трето издание на „100 Илјади поети за промена“

Од:

Третото издание на „100 Илјади поети за промена“ денеска ќе се одржи во Струмица. Овој настан е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“, што годишно се одржува во повеќе од 100 држави, меѓу кои е и Република Македонија.

Оваа манифестација има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот. За оваа година се закажани 575 настани, во точно 100 држави во светот.

Како дел од програмата, во Струмица ќе се реализираат две поетски читања. Во 16 часот ќе се одржи поетско читање за средношколците од Струмица кои претходно се пријавија на отворениот конкурс. Вечерното читање е наменето за поетите од цела држава кои ја поддржуваат оваа идеја.

Оваа година првпат ќе биде промовиран алманах „100 Илјади поети за промена I“ во кој се застапени дел од поетите кои учествуваа на конкурсот за поезија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска