Трета награда за промотивниот филм „Скопје 2014“ на „Загреб Филм Фестивал”

Од:

Промотивниот филм „Скопје 2014“ ја освои третата награда на Интернационалниот Туристички филмски фестивал „Загреб Филм Фестивал” кој  втор пат се одржа од 3 до 5 јули во Музејот „Мимара” во Загреб.

Наградата е во категорија на филмови во траење до две минути, во конкуренција со над 300 промотивни филмови од 56 држави од целиот свет.

Фестивалот е член на CIFFT (International Committee of Tourism Film Festivals) и се одржува под покровителство на Претседателот на Република Хрватска.

Целта на фестивалот е да промовира филмови од различни содржини, како и туристички дестинации, хотели и ресорти, култури и традиции, рурален туризам, авантуристички понуди, екстремни спортови, религии…

Наградениот промотивен филм „Скопје 2014“ е креативно дело на агенцијата Омега Комуникации, а изработен е во продукција на Кино Око, како дел од проектот Macedonia-Timeless на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ