Трета фаза од проектот за непосредна заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран

Од:

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек е третата фаза од проектот за непосредна заштита на црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, која претставува значајно културно наследство од 19 век.

Стручните служби на Заводот и музеј – Струмица ги изведуваат реставраторско-санациските работи на внатрешните ѕидови од објектот, а интервенциите од оваа фаза се подготовка за активностите предвидени за 2015 година.

Во изминатите фази од реализацијата на овој проект, беше извршена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што се оформи целосно подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности им претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, при што беа откриени постари сакрални градежни структури. Втората фаза беше реализирана во 2013 година и подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата.

Финализацијата на активностите околу непосредната заштита на црквата „Св. Илија“ се планира за 2016 година со што ќе биде одбележана  стогодишнината од бомбардирањето на објектот во Првата светска војна кога претрпе сериозни оштетувања и беше ставен надвор од употреба. За тогаш се предвидува и преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран