Трет Скопски поетски фестивал

Од:

Поети од Данска, Малта, Франција, Сирија, Хрватска, Србија и над 50 домашни поети ќе учествуваат на третиот Скопски поетски фестивал, кој од денеска до 28 септември ќе се одржува на неколку локации во Скопје – Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во кафе-книжарницата „Буква“.

Во програмата на фестивалот, кој официјално ќе биде отворен на 27 септември во 20 часот во МКЦ со настанот „Воздух. Ветер. Дишење“, се неколку поетски читања, како и промоции на книги, изложба на фотографии.

-Ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе има музички концерт, мастерклас или работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација, соопштија организаторите.

Годинашното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, со поддршка на Младинскиот културен центар ‒ Скопје, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Бест Вестерн Хотел Турист.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“