Трет концерт од циклусот „Кирилица“ на Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ  ќе го изведе третиот концерт од циклусот „Кирилица“.

Под водство на Борјан Цанев, како солисти ќе настапат истакнатите македонски кларинетисти Здравко Ангелов и Игор Бакревски, кои ќе ги изведат Концертната пиеса за два кларинета и оркестар бр. 1 на Феликс Менделсон и пиесата „Средба“ за два кларинета и оркестар на Алмикаре Понкиели.

На концертот Македонската филхармонија ќе ги изведе и Увертирата кон операта „Лоенгрин“ од Рихард Вагнер со што ќе го започне празнувањето на 200 годишнината од раѓањето на овој значаен композитор, како и Варијациите и фуга на тема од Хенри Персел од Бенџамин Бритн, во чест на 100 годишнината од раѓањето на Бритн.

Светска праизведба на концертниот подиум ќе доживее и делото Варијации за симфониски оркестар од младиот македонски композитор Дамјан Темков.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска