Трет фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2020“

Од:

„Стихувалки 2020“ е литературна манифестација – трет фестивал на поезија за деца што ќе се одржи денеска во паркот пред Културно информативниот центар во Скопје.

Како што соопштија од КИЦ, фестивалот ќе се одржи на отворено, со дистанца меѓу посетителите и заштитни маски на посетителите, учесниците и организаторите. Фестивалот ќе почне во 18:00часот.

– Фестивалот на поезијата за деца „Стихувалки 2020“, оваа година по трет пат се реализира како литературна манифестација која има првенствена цел да придонесе за книжевниот и културниот развој кај нас, по пат на поттикнување на креативниот и творечкиот потенцијал на поетите кои пишуваат поезија за деца, соопштија од КИЦ.

На завршната манифестација, како што посочуваат, ќе биде промовирана збирката со поетски творби „Стихувалки 2020“, во која се објавени имињата на 80 автори и нивните поетски творби од вкупно пристигнати 150 апликации. И оваа година како и минатата на конкурсот се јавија и автори од соседните земји па, појаснуваат дека само по себе фестивалот стана меѓународен.

Песните континурано се објавувани и на фејсбук страницата „Стихувалки“, со што и публиката имала можност да гласа за своите фаворити, што не сепак не било одлучувачко при изборот од страна на жири комисијата.

На свеченоста ќе бидат соопштени наградите на трите најдобри поетски творби за деца од тројца автори на кои ќе им бидат врачени плакети и парични награди. На сите 80 застапени автори во збирката со поетски творби за деца Стихувалки 2020, ќе им биде врачено признание за нивното учество на конкурсот и за афирмација на поезијата за деца, како и по еден примерок од книгата, информира КИЦ.

Автор на проектот и програмски уредник е Ели Маказлиева, која на свеченоста ќе говори за значењето на овој проект.

Настанот ќе се пренесува и во живо на фејсбук страната на КИЦ-Скопје.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот