Мандолинскиот оркестар „Скопје“ вечер ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, под диригентската палка на Рамадан Шукри.
Како солисти на концертот ќе настапат Сузана Турунџиева, Мустафа Имери, Серафина Фантаузо, Глигор Поповски и Лазар Сандев.
На програмата се дела од Штраус, Лехар, Верди, Ордуљ, Рахмањинов, Хрисиќ, Наполитански канцони…
Концертот ќе се одржи во Домот на АРМ со почеток во 20:00 часот.