Тони Михајловски е нов уметнички директор на МНТ

Од:

Актерот Тони Михајловски е назначен за нов уметнички директор на Македонскиот народен театар Тој доаѓа на местото на Дејан Пројковски, кој од пред еден месец стана директор на оваа најголема национална театарска институција во земјава.

Оваа е прва ваква висока раководна функција на Михајловски од неговото вработување во МНТ, во 1994 година.

Михајловски во екот на скандалот со прислушкувањето и „бомбите“ беше активен во „Граѓанско движење за одбрана на Македонија“ ГДОМ каде ги поддржуваше тезите на власта за странски служби и предавници, отворено застанувајќи во одбрана на актуелната владејачка партија.

Претходно, тој беше критички настроен кон власта на Груевски, учествувајќи во политичката кампања на Љубе Бошкоски, а учествуваше и во кампањата за спас на А1 телевизија пред нејзиното затворање.

Би можело да ве интересира

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во TEATRO DEL FUOCO, Италија

Актерот Трајче Ѓоргиев ќе биде погребан в понеделник

Ана Ололовска

Почина актерот Трајче Ѓоргиев

Ана Ололовска

МНТ со „Народен непријател“ гостува во Црна Гора и БиХ

Ана Ололовска