Томислав Османли на Конференција на еврејски писатели во Ерусалим

Од:

Писателот Томислав Османли е меѓу почесните гости поканети на претстојниот КИСУФИМ, 4. биенална Конференција на еврејските прозаисти и поети која од 24-ти до 27 ноември ќе се одржува во културниот центар „Мишкенот Ша’аним“ во Ерусалим.

На книжевниот собир, чиј уметнички директор е истакнатата израелска поетеса Хава Пинхас-Коен, поканети се автори од Израел и од светот кои пишуват на еврејски теми.

Поканата за македонскиот автор следува по повеќекратните меѓународни успеси, објави и афирмации на неговата книга раскази и новели „Светилка за Ханука“ со теми од животот и страдањето на сефардските Евреи во различни средини на Балканот, пред се во Македонија.

Целта на конференцијата е да ја зголеми свесноста за различноста на еврејските литератури, да ги поттикне размената на сознанија и преведувачките напори и да го промовира дијалогот меѓу многуте јазици и култури на еврејското литературно творештво.

Османли ќе настапи на две книжевни читања, со делови од неговата наградена прозна книга. Со оглед дека дел од неа веќе е објавен и на ладино, јазикот на Евреите Сефарди, се очекува делото на нашиот автор во Ерусалим, освен на македонски, да прозвучи и на тој јазик.

Писателите – гости на конференцијата ќе учествуваат и со книжевна творба која покрај на оригиналниот јазик на авторите, ќе биде објавена и во превод на хебрејски. Томислав Османли за превод го испрати својот впечатлив расказ „Базен“ кој се однесува на драмата на собирањетето и депортирањето на македонските Евреи во времето на Втората светска војна раскажана не од гледната точка на жртвата, туку спторивно, од гледната точка на злосторникот.

Конференција на еврејски писатели и поети КИСУФИМ првпат се одржала во 2007 година, а претстојниот ќе биде нејзин четврти собир.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска