Томислав Османли ќе го претстави Скопје на саем во Лајпциг

Од:

На мартовскиот меѓународен саем на книгата во Лајпциг, Германија меѓународната преведувачка мрежа „Традуки“ организира традиционална средба на писатели од југозападен Балкан, која годинава ќе се одржи на тема „Разговор за градовите“.

На оваа средба од Македонија се поканети писателот, сценарист и драматург Томислав Османли и истакнатата преведувачка, германистката Ксенија Чочкова. Двајцата автори од Македонија пред учесниците и слушателите на писателската средба во Лајпциг, ќе го претстават општествено и книжевно Скопје денес.

Како што наведува организаторот, нема да се дискутираат дневнополитички теми, туку учесниците во разговорите ќе се обидат да ги прикажат своите градови погледнати како однадвор, така и одвнатре, од духовната и литературната страна.

Во текот на разговорот посветен на Скопје, ќе се читаат два петнаесет минутни извадока од романите „Дваесет и првиот“ и „Зад аголот“ на Османли.

Меѓународната преведувачка мрежа „Традуки“ со седиште во Берлин, веќе години со ред ја организира ваква програма  во чии рамки на овој европски саем на книгата се опфаќаат сите јазици од просторите од нашиот поширок регион, меѓу нив и македонскиот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска