„Точка, запирка“ – нова стихозбирка од Христо Петрески

Од:

Издавачката куќа „Дијалог“ во рамки на едицијата „Синтези“ деновиве  објави нова стихозбирка од Христо Петрески, под наслов „Точка, запирка“.

Книгата содржи 100 песни во кои авторот ја тематизира урбаната атмосфера и психологијата на човекот во лавиринтите на градот, но и самата поезија како поле за истражување на планот на јазикот, структурата и композицијата.

Писателот Веле Смилевски во рецензијата, меѓу другото, пишува: „Оваа книга ја означува зрелата творечка фаза на поетот Христо Петрески, нудејќи високо култивирани и естетски облагородени поетски доживувања и медитации. За овој автор со посебен темперамент, загледан длабоко во светот во себе, песната е шепот на големите вистини за духовните релации на постоењето.“

Христо Петрески има објавено голем број поетски и прозни  дела и е  добитник на повеќе од 20 книжевни награди во Македонија и во светот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска