Тимови од МСУ на стручна обука во Полска и Холандија преку програмата „Еразмус“

Од:

Музејот на современата уметност по одобрениот грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за Програмата Еразмус, реализираше посета на Музејот „Штуки“ во Лоѓ, Полска, и Институт „Лима“ од Амстердам.

Програмата која вклучува едукациски стратегии во насока на стручно надградување на професионалниот кадар се реализирала согласно со потребите на Музејот на современата уметност во сферата на компетентноста на кадарот, следењето на европските структурални димензии и Стратегијата за интернационализација во соработка со актуелни и можни европски партнери.

Во рамки на проектот, кој се реализираше во текот на 2017 и 2018 година во Музеј „Штуки“ (вклучувајќи ги сите три поставки во МС1, МС2 и Хербст Палатата) во текот на март тим на МСУ Скопје составен од Мира Гаќина, Јованка Попова и Илиана Петрушевска реализираше работни средби и размена на искуства со директорот на музејот Јарослав Сухан, како и куратори и стручни лица од изложбениот оддел, одделот за едукација, одделот за конзервација.

– Музејот на современата уметност-Скопје при Еразмус+ програмата за мобилност се здоби со нови сознанија за одредени нивни искуства и програми кои кај нас допрва треба да се имплементираат меѓу кои и иновативни пристапи за доближување на музејските поставки на луѓе со посебни потреби и деца со пречки во развој, соопшти МСУ.

На Еразмус+ програмата за мобилност во Холандија учествувале двајца куратори и еден конзерватор – Бојана Јанева-Шемова, Благоја Варошанец и Љупчо Иљовски, кои во текот на април присуствувале на седумдневна обука за документација, реставрација и презервација на нови медиуми (видео и инсталации) во Институтот „Лима“ во Амстердам.

Како што информира МСУ, тие стекнале специфични знаења и вештини за најновите методи во кураторската пракса и документирање, третирање и презентирање на делата, како и увид во најновите приоди во дигитализацијата и презервацијата на нови медиуми. Обуката била спроведена преку заедничка работа на конкретни примери од делата на Колекцијата на МСУ-Скопје, проследени со предавања, дискусии, работилници за преземање практични чекори, вежби, споделена литература, посета на депото на музејот „Стеделијк“ и на другите поголеми музеи во градот.

Стекнатото знаење и воспоставените соработки на тимот на Музејот на современат уметност во Скопје се очекува да биде споделено со стручната јавност преку работилници и презентации.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театрска претстава „Плашливиот Лав“

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија