Теона Митевска снима во НУБ „Свети Климент Охридски“

Од:

Најновиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ се снима во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Филмот е во продукција на „Брат и сестри Митевски“, поддржан е од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и е копродукција меѓу пет земји – С Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Белгија и Данска.

Продуцентката Лабина Митевска изјави дека локацијата е избрана после долго барање од пет-шест месеци, бидејќи цел филм се случува во една просторија.

-Се одлучивме токму да биде во овој прекрасен објект. Најголем дел од филмот, односно четири недели го снимаме токму овдека. Ја окупиравме библиотеката веќе два и пол месеца сме тука и првенствено се одлучивме поради визуелниот аспект на специфичната архитектура на самиот објект – она што најповеќе ја фасцинираше Теона. Но и од луѓето кои работат тука, кои се пред се историчари, професионалци кои со отворени раце не дочекаа, но исто така бевме и разочарани од целата состојба во која ја најдовме самата библиотека, рече Митевска во изјава на самиот сет за новинарите кои беа во обиколна на просториите на библиотеката заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и директорката на институцијата Јелисавета Костадинова по повод најавата за предвидените активности за ревитализација на ова значајно национално здание.

Таа даде поддршка на она што Министерството за култура се обидува да го направи за самиот објект, неговата архитектура и значењето. Како филмаџии, рече, одлучиле да помогнат со реновирање на големата читална и упати повик сите заедно да придонесеме за враќање на достоинството, сјајот и животот во НУБ.

На оваа локација екипата ќе снима уште три недели, а потоа ќе следи уште една недела снимање во Сараево.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ