Театарски спектакл и 13 претстави во конкуренција за 50. МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

На 12 јуни со театарски спектакал на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп ќе почне 50-то, јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, соопшти денеска на прес-конференција селекторот и уметнички директор на Фестивалот Петар Темелковски.

Во официјалниот дел на фестивалската програма и во трката за награди се 13 претстави на македонските професионални театри. Фестивалот ќе трае од 12 до 19 јуни.

– Со поддршка на локалната самоуправа и на Министерството за култура ќе направиме отворање на Фестивалот достојно за неговиот петдецениски јубилеј со кој ретко која манифестација може да се пофали, рече Темелковски.

Според изборот на уметничкиот директор на Фестивалот во конкуренцијата за награди се Македонскиот народен театар кој ќе ја изведе „Електра“ според митот за Електра од Еврипид, Софокле, Есхил и Сартр во режија на Андри Жолдак, Драмски театар во официјалната фестивалска програма е со „Безљубни“ од Благица Секуловска во режија на Златко Славенски, Театар комедија е со „Многу врева за ништо“ од Шекспир во режија на Деан Пројковски. Театарот од Велес ќе настапи со „Приказни од шестиот кат“ од Драги Михајловски во режија на Дејан Дамјановски, Албански театар во програмата е со „Предавање“ од Мартин Мекдона во режија на Ќендрил Ријани, Турски театар е со „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Александар Поповски, Народниот театар од Штип во официјалната фестивалска програма е со „Хотел ни на небо ни на земја“ од Ерик Емануел Шмит во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, Битолскиот театар со „Иванов“ од Чехов во режија на Александар Баргман. Во трката за фестивалските награди се и претставите: „Залудни маки на љубовта“ од Шеркспир во режија на Тетовскиот театар, „Крвави свадби“ од Лорка во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на театарот од Струмица, „Мајка храброст“ од Брехт во режија на Ѕвездана Ангеловска, а во изведба на Кумановскиот театар, „Детектор за лаги“ од Сигарев во режија на ненад Витанов на театарот од Охрид и „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на народниот театар од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери