Театар Комедија потпишаа меморандум за соработка со АМС

Од:

Агенцијата за млади и спорт и НУ Театар Комедија потпишаа меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е воспоставување соработка заради реализација на проектот „Младинска картичка“, предвиден во Програмата за 2019 година при секторот Млади во рамки на Агенцијата за млади и спорт.

Со воспоставувањето и развивањето на соработка помеѓу страните-потписници на меморандумот ќе се обезбедат поголем број можности за младите и ќе се подобрат сервисите што Агенцијата за млади и спорт како надлежна институција им ги нуди на младите луѓе во државава од една страна, како и зголемена посетеност на објектите, зголемување на продажбата и подобрување на имиџот на правните лица од друга страна. Крајната цел е да се влијае на подигнување на младинскиот стандард.

Имено, со овој меморандум, поточно со обезбедувањето персонализирани картички од страна на Агенцијата за млади и спорт, младите на возраст од 15 до 29 години ќе имаат поволности при купувањето билети за претставите во НУ Театар Комедија, односно ќе може да ги купат со попуст од 50 проценти.

НУ Театар Комедија е првата институција од областа на културата којашто потпиша меморандум со Агенцијата за млади и спорт за реализација на проектот „Младинска картичка“.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“