„Тартиф“ премиерно во Битолскиот театар

Од:

Народниот театар-Битола е подготвен за првата премиера во 2013 година –  „Тартиф“ на Молиер во режија на Сашо Миленковски. Претставата претпремиерно ќе биде изведена в петок, а премиерата е закажана за сабота.

– Во оваа претстава  имаме три пријатели. Наш најголем пријател е стихот на Молиер, потоа стилот на Молиер и третиот наш пријател е сонгот. Во пиесата „Тартиф“ ние направивме неколку интервенции, за да ја приближиме тезата  за која говориме дека лесноверните ќе престанат да ги богатат сметките на луѓето кои се претставуваат дека говорат во името на Бога, рече меѓудругото режисерот Миленковски.

Насловната улога ќе ја игра актерот Огнен Дранговски кој на прес-конференцијата посочи дека многу научил и разбрал од соработката со Миленковски.

– Не е важно како некој човек изгледа физички, туку што носи внатре во душата. Сите нешта излегуваат одвнатре и не прават такви какви што сме, рече Дранговски.

Покрај него, во претставата настапуваат и Јулијана Стефановска, Менка Бојаџиева, Никола Пројчевски, Маја Андоновска, Филип Мирчевски, Васко Мавровски, Душко Јовановиќ, Христина Христова-Николова, Александар Стефановски, Борче Ѓаковски, Марјан Георгиевски, Горазд Христовски и Александар Копања.

Музиката е на Венко Серафимов, сценографијата на Зоран Николовски, костимографијата на Благој Мицевски, а Александра Хонг од Бугарија ја подготви кореографијата за премиерата на претстава „Тартиф“ во Битолскиот театар.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот е вечна промена

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје