„Тартиф“ од Молиер во изведба на Народниот театар од Битола на „Охридско лето“

Од:

Драмскиот дел од програмата на „Охридско лето 2013“ продолжува вечер со настап на Народниот театар од Битола, кој пред охридската публика ќе ја изведе претставата „Тартиф“ од Молиер, во режија на Сашо Миленковски.

Согласно фестивалската програма, предвидено беше Битолскиот театар на „Охридско лето“ да настапи со претставата „Хамлет машина“, меѓутоа до измената дојде поради објективни причини односно неможност на актерката Илина Чоревска да настапува.

„Тартиф“ ќе се игра на претходно предвидената сцена, во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ каде требаше да се игра и „Хамлет машина“.

Според надлежните од управата на „Охридско лето“, промената на програмата нема да предизвика никакви финансиски последици, буџетот за новата претстава е ист додека сценско – техничките услови ќе бидат навреме исполнети, заедно со маркетиншките материјали кои ќе бидат готови до денеска.

– И од технички и од финансиски аспект, подготвени сме да ги реализираме подеднакво и едната и другата претстава. За жал, од причини кои не можат да се предвидат и на кои не можеме да делуваме, сепак, утревечер ќе се игра „Тартиф“ од Молиер, што пак за публиката нема да биде никаков хендикеп, појасни вчера директорката на „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска. а

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ