„Тартиф“ од Молиер во изведба на Народниот театар од Битола на „Охридско лето“

Од:

Драмскиот дел од програмата на „Охридско лето 2013“ продолжува утревечер со настап на Народниот театар од Битола, кој пред охридската публика ќе ја изведе претставата „Тартиф“ од Молиер, во режија на Сашо Миленковски.

Согласно фестивалската програма, предвидено беше Битолскиот театар на „Охридско лето“ да настапи со претставата „Хамлет машина“, меѓутоа до измената дојде поради објективни причини односно неможност на актерката Илина Чоревска да настапува.

„Тартиф“ ќе се игра на претходно предвидената сцена, во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ каде требаше да се игра и „Хамлет машина“.

Според надлежните од управата на „Охридско лето“, промената на програмата нема да предизвика никави финансиски последици, буџетот за новата претстава е ист додека сценско – техничките услови ќе бидат навреме исполнети, заедно со маркетиншките материјали кои ќе бидат готови до понеделник.

– И од технички и од финасиски аспект, подготвени сма да ги реализираме подеднакво и едната и другата претстава. За жал од причини кои не можат да се предвидат и на кои не можеме да делуваме, сепак, утревечер ќе се игра „Тартиф“ од Молиер, што пак за публиката нема да биде никаков хендикеп, појасни директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ