„Тајното оружје“ – премиера на Битолски театар

Од:

Претставата „Тајното оружје“ од Братислав Димитров во режија на Ненад Витанов е најнов проект на Битолскиот театар.

Во пресрет на премиерата закажана за 11 септември, директорот на Народен театар-Битола Валентин Светозарев истакна дека станува збор за праизведба на макдонскиот текст „Тајното оружје“ од драматургот Братислав Димитров кој вторпат со свој текст ќе учествува на сцената на театарот во овој град, додека пак режисерот Ненад Витанов од Велес третпат режира во НУ Народен театар-Битола

– Во претставата говориме за хаосот што во моментов се случува во светот, за хаос гледан низ очите на обични луѓе кои живеат во нашето маало и како тие би го решиле проблемот кога тоа би требало да го направат. Таа ситуација на глобално завршува сурово и крваво, додека тука кај нас завршува со поентата дека тајното оружје е во секој од нас и дека тоа што можеме да го направиме е секогаш во тоа што ќе го замислиме. Оваа претстава е со многу енергија и со порака дека во овој глобален свет можеме да се спротивставуваме само со добра мисла и идеја, а се останато е теорија на заговор, истакна режисерот Витанов.

Во претставата ќе настапат Филип Мирчевски, Никола Тодоровски, Борис Чоревски, Никола Пројчевски, Јулијана Стефанова, Илина Чоревска и Сандра Грибовска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а првпат во Битолскиот театар како композитор се јавува музичката поп-ѕвезда Димитар Андоновски кој на денешната средба со новинарите истакна дека музиката во претставата е испреплетена со повеќе жанрови и придонесува за дополнителен квалитет на овој проект.

Би можело да ве интересира

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ

Врачено признанието лауреат на актерот Ристановски и промовирана монографијата 15 години МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње