„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, утревечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Багрјана Попов.

На прес – конференција во Битола, в.д. директорот на битолскиот театар Васко Мавровски истакна дека „Галеб“ е насловена како претстава комедија, но всушност е најтрагичното дело во кое се зборува за десет изгубени души кои неможе да профункционираат еден со друг.

– Оваа прес – конференција е прва во која учествувам како в.д. директор и сакам да истакнам дека освен почеток со нова премиера, ние од денеска имаме ново лого на театарот кое го посветуваме на нашиот јубилеј – 80 години Народен театар-Битола. Сметам дека овој театар има потенцијал да се вратиме таму каде што бевме, имаме потенција да бидеме најдобриот театар во Македонија и да го оправдаме приматот на најстар театар во државата во кој што за прв пат се преговорил македонскиот јазик. Мојот мотив да прифатам една ваква функција се потпира на фактот дека ова е идентитетски столб на Битола, културен храм и затоа оваа прес конференција ја одржавме во храмот на уметноста, истакна Мавровски.

Од НУ Народен театар-Битола информираа за театарските проекти и гостувања што ќе се реализираат до крајот на годината.

– Мојата нова визија се темели на две точки. Првата е да ја вратиме публиката во театарот и да се посветиме на традицијата, на македонската драматургија бидејќи заборавивме дека ова е народен театар, театар што единствено припаѓа на публиката и на народот и ние како институција сме должни да понудиме програма која што ќе има интерес кај сите, од децата до возрасните, а не да се однесуваме како овој театар да е на некоја квази-елита и да произведуваме некаква совреме уметност која никој не ја разбира, нагласи Мавровски.

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола на 6 октомври ќе гостува на театарски фестивал во Бјелисток-Полска, на 16 октомври ќе има премиера на монодрама со Соња Михајлова, на 25 октомври премиерно ќе биде одиграна претставата „Ричард Трети“, а на 14 ноември по повод 80 години Народен театар-Битола, публиката ќе ја види претставата „Ѓоре Магарески – 80 години потоа“.

Би можело да ве интересира

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска