„Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски доби поддршка од SEE Cinema Network

Од:

Филмскиот проект „Тајната Состојка“ на Ѓорче Ставревски доби финансиска поддршка од Мрежата на филмски институции од Југоисточна Европа (SEE Cinema Network).

Одлуката за финансирање на филмот е донесена на 24. Генерално собрание на SEE Cinema Network што се одржа денеска во Солун на кое учествуваа претставници од земјите членки на мрежата, соопшти Агенцијата за филма на Република Македонија.

Освен тековните активности на мрежата, на собирот се разгледуваа пријавените проекти кои аплицираа за финансиска поддршка за развој на регионална ко-продукција за долгометражен филм. На Генералното собрание секоја земја членка престави по два проекта.

Олучено е да бидат поддржани вкупно шест филмски проекти за развој на регионалната ко-продукција за долгометражен филм со финансиска поддршка во износ од 8.000 евра по проект. Од Македонија тоа е „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он