Театарски претстави за најмладите и тинејџерите во Ресен

Од:

Во кино салата на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен беа одиграни претставите „Новогодишните играчки на Ема“ и „Љубов или нешто слично“, на театарот „Дел Арте“ од Битола.

„Новогодишните играчки на Ема“ е наменета за деца од претшколска возраст до 10 години, а „Љубов или нешто слично“ е претстава за тинејџери.

Домот на културата, како што истакна директорот Васко Василевски, се стреми секоја година да понуди побогата предновогодишна програма и со тоа да ја дополни празничната атмосфера во Преспа.

-Во еден ден одлучивме да организираме две претстави во соработка со театарот „Дел Арте“ од Битола, за најмладите и за тинејџерите. Особено беа среќни дечињата, кои дојдоа во голем број од градинките и училиштата и им се радуваа на оживеаните играчки. Тинејџерите пак, како популација која секогаш има што да праша и да научи, се чини дека најмногу реагираат на темата љубов, што всушност и беше целта на претставата „Љубов или нешто слично“, истакна Василевски.

Културните случувања продолжуваат и вечер во ресебскиот Сарај со концерт на хорот кој работи под закрила на македонско-словенското здружение „Триглав“ од Битола.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“