Светски познатиот руски уметнички колектив „Что делат“ се претстави на фестивалот КРИК во Скопје

Од:

Со задоволство ве известуваме дека синоќешното отворање на второто издание на КРИК фестивалот за критичка култура, во Музејот на современа уметност, помина во знакот на светски познатиот уметнички колектив „Что делат“ од Русија, кои ја презентираа својата работа, а Оксана Тимофеева, една од членовите, одржа воведно предавање.

Фестивалот го отвори министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој рече дека темата на фестивалот е одлично погодена, затоа што токму тоа се главните предизвици со кои сега се соочуваме како општество.

„Од една страна да излеземе од транзицијата, да и ставиме крај и тоа се и политичките цели на новата влада и на сите нас кои учествувавме во таа опозициска и шарена револуција што ги донесе промените во Македонија. А од друга страна, спасот или излезот од заробеноста во тие огледала кои постојано ни се повторуваат, ќе биде најтешката задача, значи конечно да тргнеме и да ги конструираме и општествените и културните и уметничките текови, пред се самите политичките и економските на поинаков начин, а не така што постојано ќе ги повторуваме коруптивно клиентелистички практики, без разлика кој ќе дојде на власт, односно некогаш општествените инерции некогаш се посилни од општествените структури доаѓаат на позицијата на моќ. Ми се чини дека тоа е клучниот момент којшто сега ние го чекориме и токму затоа и понатаму е потребен и притисокот и отвореноста и критичноста на јавноста“.

Тој рече дека потребата да се базира критичкиот дискурс врз посериозни тексови, анализи, аргументи.

„А за жал, плакатниот пристап, пристапот на социјалните медиуми ја дефинира оваа јавност, кои боледуваат од она штоги каректеризира современите социјални медиуми, а тоа е површноста, имањето попрво став, кој најчесто предрасуда или е неаргументирано мислење, или е допрен глас, отколку што информација и потоа интерпретација на таа информација. Една од полититиките на министерството за култура ќе биде јакнење на критичката мисла. Многу е битно ова за кое се залага КРИК како култура, сериозна издржана и темелна критичка мисла да има ки каде да се објави. Има потреба да ги поддржиме луѓето што сакаат да бидат критички мислители, а и повторно да ги обновиме просторите за развој на критичката мисла, што понатаму ќе биде база за евалуација, дефинирање на критериумите и целите на културните политики“, рече министерот Алаѓозовски.

Искра Гешоска, претседателка на „Контрапункт“ истакна дека КРИК фестивалот и во своето второ издание продолжува да ги истражува односите на проникнувањето на културата, уметноста, политиката и политичкото.

„Нас ни е многу важно дека ја продолжуваме оваа битка, со ваша поддршка, сосздавајќи во овој простор,кој прилично долго беше задушен во отсуство на таа критичка култура и на тие процепи, кадешто провираше критичкото мислење, сепак може, веруваме дека може заеднички да произведеме поинаков контекст во кој ќе функционира критичката маса и тоа го правиме заедно и затоа велиме дека овој фестивал е отворена платформа за критичка култура“, рече Гешоска.

Низ темата на фестивалот „Постојано во транзиција, зарбеност во скршените огледала“, Гешоска рече дека се проблематизираат различните наличја на побуната во уметноста. „Во последно време, сведочиме на еден билборд, плакатна, декларативна, би рекле, проектна уметност и сакаме да истражиме како уметноста да ги најде своите вертикали на поинакво делување.Втората тематска целина на фестивалот е „Светот околу нас и критичките ставови во регионот“ која се застапува за развој и релевантност на критичката валоризација која е целосно отсутна“, додаде таа.

Елена Велјановска, кураторка, им се заблагодари на гостите од Русија и на сите учесници и рече дека темата на фестивалот ја отсликува реалноста во Македонија во услови на смена на власта и повторно обмислување на општеството, но и глобалната ситуација на популизам и репресивни политики и желбата тоа да се истражува од аналитичка дистанца.

Публиката во МСУ можеше да се запознае со работата на умтничкиот колектив „Что делат“ (Што да се прави) низ видео и разговор за нивните дела.

„Многу ни е интересно и благодарни сме што што дојдовме во Македонија, која иако е мала земја, низ она што актуелно се случува тука, може непосредно да се следат трендовите на она што се случува во политиката на глобало ниво и тоа на еден многу кондензиран начин. Имате некои експлицитни трендови, кои можеби нема да се многу очигледни во Њујорк, но тие процеси во Македонија може веднаш да ги препознаете. Исто така сме благодарни што во овие тешки времиња се појави надеж, а тоа е Македонија, каде се проеминија односите на моќ и се надеваме дека нема да ја пропуштите шансата споредене со другите држави“, рече Дмитри Виленски, уметник.

Името на колективот се поврзува со првата организација на социјалистичкиот работник во Русија, која Ленин ја актуализира во сопствената публикација: Што да се прави? (1902).

Что делат се застапуваат за еднаквост на сите луѓе, притоа борејќи се против различните форми на патријархатот, хомофобијата и родовата нееднаквост. Своите идеи ги пренесуваат преку широка уметничка продукција: филмови, театарски претстави, радио- рограми, мурали, како и проекти, јавни кампањи и семинари. Главно се фокусирани на отфрлањето на сите форми на угнетување, вештачко отуѓување на луѓето, како и нивно искористување и експлоатација. Тие инсистираат на еднаква распределба на природните ресурси и богатството произлезено од човековиот труд, со цел благосостојба за сите.

Оксана Тимофеева, професорка по филозофија, една од членовите, одржа воведно предавање на тема „Вештерство и солидарност“.

Потоа беше прикажан новиот филм на „Что делат“ насловен “Palace Square 100 Years After. Four Seasons of Zombie”, кој во септември, годинава, беше претставен и во МОМА во Њујорк.

Дел од фестивалот беше и музичкиот сет на Јана Коцевска.

Вечерва на програмата на фестивалот КРИК ќе се одржи разговор со локални и регионални куратори и критичари насловен „Светот околу нас – критичките ставови во регионот“

Учесници: Миљенка Буљевиќ, Антонија Летиниќ, Лука Остојиќ, Лујо Парежанин, Весна Милосављевиќ, Лара Плавчак, Миха Келемина и Небојша Вилиќ. Модератор: Владимир Јанковски. Настанот се одржува во партнерство со во партнерство со kulturpunkt.hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија) и SCCA – Љубљана (Словенија).

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Фондација отворено општество – Македонија, Гете-институт Скопје, Фондацијата Култура нова од Хрватска, Фармахем и Министерство за култура на Република Македонија. Логистички партнери на фестивалот се: НУ Музеј на современа уметност – Скопје и порталот окно.мк Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

Би можело да ве интересира

КРИК – фестивал за критичка култура

Со промоција на книгата „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику завршува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Ана Ололовска

Седмото издание на КРИК фестивал продолжува со перформансот „Обука за реанимација“

Ана Ололовска

Изложба „Сенките на занаетите“ од турскиот уметник Билал Јилмаз утре на програмата на фестивалот КРИК

Ана Ололовска

Поетско читање вечерва на фестивалот КРИК, вчера покрај трпеза познати уметници и писатели говореа за демокртијата

Ана Ололовска

„Гозба или за љубовта” на КРИК 07 – уметници и писатели ќе говорат за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото

Ана Ололовска