Светски и македонски премиери на концертот на Дуо СолиПс и Богоромова Краповски

Од:

Сопранистката Гонца Богоромова Краповски и француско-македонското дуо СолиПс (флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Ромен Петио) имаат изработено модерна музичка програма во која се вткајува оригинална уметничка инспирација. Овој концерт е „сцена“ за светска праизведба на оригиналното дело Океан во капка на македонската композиторка Дарија Андовска, специјално компонирано за овој настап. Исто така, на концертот за првпат ќе бидат изведени и две македонски традиционални песни, преработени повторно од Дарија Андовска за овој ансамбл.

dobivaj vesti na viber

Освен дела за дуо и за соло изведба, на програмата се застапени и три француски дела: Две поеми од Ронсар на Албер Русел, извонредното дело Самогласки за соло флејта на Софи Лаказ инспирирано од поема на Артур Рембо и Мирот почива во пустина на Жан-Кристоф Роза. Сите овие дела ќе бидат премиерно изведени во Македонија.

Популарната Арија на Бахијана Бразилерас n°5 на Вила-Лобос ќе биде изведена во нејзината оригинална верзија за вокал и гитара.

Италијанскиот композитор Масимилијано Месиери, чие дело Сон во сон ќе биде изведено на концертот, ќе биде присутен на настанот.

Дуото СолиПс е формирано од страна на македонската флејтистката Елена Стојческа и францускиот гитарист Роман Петио во 2011 година. Настапуваат на концерти и фестивали во Франција, Италија, Чешка, Сан Марино, Русија, Белгија, Босна и др. Дуото СолиПс има афинитет кон репертоарот од 20ти и 21ви век. Во блиска соработка се со бројни композитори, премиерно изведуваат дела кои им се посветени.

Гонца Богоромова Краповски е уметник која своите достигнувања ги афирмира преку забележителна концертна дејност на домашната и меѓународната сцена. Како солист и камерен музичар соработува со еминентни домашни и странски ансамбли, диригенти, солисти и пијанисти. Работи како наставник по соло пеење и камерна музика при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Масимилиано Месиери, роден во Болоња во 1964 година е италијански композитор и диригент. Неговите дела се изведувани низ Европа и Соединетите Американски држави. Како што пишува италијанската критика “кај Месиери можете да слушнете извонреден баланс помеѓу стилски карактеристики на популарна музика од медитеранскиот регион и современа музичка техника“

Дарија Андовска е една од најизведуваните, најнаградуваните и најплодните македонски автори во 21от век, професор на Факултетот за музичка уметност при УКИМ, Скопје.

Една одлична меѓународна соработка, настап на квалитетни странски и македонски уметници, внимателно избрани дела на програмата на концертот, кој ќе се одржи на 4ти мај во 20 часот во малата концертна сала на Филхармонија.

Влезот е слободен.

Овој настан се организира во соработка со Министерството за култура на Северна Македонија и на Францускиот институт во Скопје.

Би можело да ве интересира

Концерт на Македонски Брас Квинтет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу во Италија

Ана Ололовска

Концерт на Трио Академико во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

„Есенски музички вибрации 2021“ во Крива Паланка

Ана Ололовска

Концерт на Илза Бафтиари – виола и Шкељзен Бафтиари – пијано

Ана Ололовска

Концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“

Ана Ололовска