Светски ден на спомениците и локалитетите

Од:

Меѓународниот ден на спомениците и локалитите – 18 Април се одбележува во над 110 земји во светот со различни настани и активности кои ги организираат националните комитети на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИKОМОС.

По повод 100 години од отпочнувањето на Првата светска војна (1914-1918) меѓународниот ИКОМОС за одбележувањето оваа година ја избра темата: „Наследство на сеќавањето”.

– Спомениците и локалитетите, вклучувајќи ги и оние покомплексни и со различни форми како културен предел, кои се опиплив носител на меморијата на човековото искуство. Преку нивната автентичност и интегритет, на свој начин придонесуваат во комеморација и пренос на вредности кои ја вклучуваат историјата и историските настани, а Првата светска војана навистина е тоа, соопшти ИКОМОС Македонија, кој се приклучува кон глобалното одбележување.

Националниот ИКОМОС информира дека токму годинашната тема зададена од Меѓународниот ИКОМОС ги поттикнала на иницијатива во рамки на својата организација  да формираат поткомитет со назив: Меморијална архитектура и меморијални гробишта.

Националниот комитет соопшти  и дека со поддршка од Министерството за кулрура ќе го реализира проектот „Меморија на исчезнатото”  – меморија на дел од богатото урбано и рурално наследство на Македонија кое постоело и веќе го нема.  Проектот опфаќа 20 фотографии на исчезнати објекти и ќе бидат промовирани по повод 20 години од формирањето на ИКОМОС Македонија (1994-2014).

Светскиот ден на спомениците и локалитите првпат е одбележан во 1982 година на иницијатива на УНЕСКО и Меѓународниот совет за споменици и места – ИKОМОС го прифатил и го прославува секоја година на различни начини и теми.

Целта на одбележувањето е да се охрабрат  локалните заедници и нивните жители во светот да ја вреднуваат важноста на културното наследство  за нивните животи и идентитет, да ја промовираат грижата за диверзитетот и неговата повредливост и да вложат напори за негова заштита и конзервација.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање