Македонскиот ПЕН Центар и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска во просториите на НУБ ќе го одбележат Светскиот ден на поезијата.
Послание ќе упати поетесата Гордана Михаилова-Бошнакоска, а на настанот ќе настапат поети-членови на Македонскиот ПЕН центар.
Во музичкиот дел од чествувањето на поезијата ќе настапи камерниот хор „Херувими“.