Светски ден на поезијата

Од:

Со манифестацијата Поетско пладне, Македонскиот ПЕН центар и Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ денеска традиционално ќе го одбележат Светскиот ден на поезијата.

Свеченоста ќе се одржи точно напладне, во НУБ „Свети Климент Охридски“.

Годинава, поетското слово од Македонија ќе го упати поетот Владимир Мартиновски, а свои стихови ќе читаат поетите/поетесите: Влада Урошевиќ, Димитар Башевски, Тодор Чаловски, Ристо Лазаров, Ефтим Клетников, Катица Ќулавкова, Михаил Ренџов, Раде Силјан, Веле Смилевски, Ферид Мухиќ, Иван Џепароски, Зоран Анчевски, Санде Стојчевски, Паскал Гилевски, Весна Ацевска, Олга Арбуљевска, Бранко Цветковски, Вера Чејковска, Илхами Емин, Линдита Ахмети,…

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот

Светски ден на поезијата

Од:

Разновидност во дијалог, слободен проток на идеи преку збор, креативност и иновација. Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек, пишува во пораката на генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова по повод Светскиот ден на поезијата 21 Март.

Бокова истакнува дека овој ден значи поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите така што, вели Бокова, поезијата веќе нема да се смета за застарена форма на уметност.

Светскиот ден на поезијата традициионално ќе биде одбележан и во Македонија –  со манифестацијата „Поетско пладне“ што ја организираат Мaкедонскиот ПЕН Центар и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”.

Поетското слово од Македонија годинава ќе го упати поетот Веле Смилевски, а свои стихови ќе читаат Влада Урошевиќ, Гордана Михаилова-Бишњаковска, Димитар Башевски, Тодор Чаловски, Ферид Мухиќ, Раде Силјан, Санде Стојчевски, Иван Џепароски, Биба Исмаил, Владимир Мартиновски.

Одлуката 21 март да се прославува како Светски ден на поезијата беше усвоена во Париз во 1999 година, на 30. сесија на УНЕСКО. Оттогаш денот на поезијата се празнува со книжевни собири низ цел свет и поетите од сите континенти праќаат пораки во чест на стиховното творештво.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска