Светски ден на културната разноликост за дијалог и развој

Од:

По повод Светскиот ден на културната разноликост за дијалог и развој 21 Мај, кој е прогласен од Обединетите нации и  УНЕСКО, вечер во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од 19.30 часот ќе се одржи поетска вечер.

По шести пат неа ја организираат Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН Катица Ќулавкова и  Колекцијата за поезија, фикција и есеј на Меѓународниот ПЕН „Разноликост“.

– Поетската вечер е конципирана како меѓународна, со учество на поети од Македонија, Бугарија, Русија и од Украина. Мотото на вечерта е „Различни јазици – различни гласови“. Дваесет поети ќе читаат своја песна на мајчин јазик: македонски, руски, украински, бугарски, турски, албански, аромански, српски… Пораки за културната разноликост ќе бидат испратени од истакнатиот македонски поет Никола Маџиров и од гостинот од Бугарија, поетот, сликар и преведувач Роман Кисјов, соопшти ПЕН Центарот.

На поетската вечер ќе настапат Илхами Емин, Ристо Лазаров, Агнеса Чаволи, Ѓоко Здравески, Димитар Христов, Олга Панкина, Ана Багријана, Наташа Сарџоска, Ана Голејшка, Вера Чејковска, Афродита Николова, Салајдин Салиху, Гордана Јовиќ Стојковска, Нина Андонова Шопова…

Светскиот ден на културната разноликост се одбележува од 2003 година и е поврзан со Декларацијата на УНЕСКО за културната разноликост од 2001.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска