Светски ден на книгата и авторското право – 23 Април

Од:

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април, востановен од УНЕСКО во 1995 година.

Овој датум се празнува секоја година глобално, како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, со настан кој ќе се одржи утре во просториите на Библиотеката со читање извадоци од романот „Дон Кихот“, а ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.

-НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата, порачуваат од Националната и универзитетска библиотека.

Поддршка и оваа година НУБ доби од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи Арс ламина и Арс – студио.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска