Светска премира на „Глобална комедија“ на Плевнеш во Софија

Од:

Во преполната сала на култниот Сатиричен театар во Софија, синоќа беше изведена светската премиера на најновата драма на македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш, „Глобална комедија“, во режија на францускиот режисер Патрик Вершурен.

Долготрајните аплаузи и овации по изведбата беа упатени кон актерите Јорданка Стефанова, Теодор Елмазов, Богдан Казанџиев и Росица Александрова, како и на членовите на екипата Бојана Семерџиева, која е автор на сценографијата, Мартин Каров, кој што беше задолжен за звучниот дизајн, како и за авторот на сонговите за претставата Константин Плевнеш.

Директорот на театарот Калин Серменов на прес-конференција изјави дека тоа е историски настан на уметничките поврзувања помеѓу Балканот и Европа и и посака на „Глобална комедија“ долготраен живот на сцената на Сатиричниот театар и на многу меѓународни фестивали.

На премиерата во Софија присуствуваа и француските актери Филип Морино и Наташа Машкиевич, од парискиот театар Белвил, каде што „Глобална комедија“ ќе се игра во текот на следната театарска сезона.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“