Светозар Ристовски македонски претставник на Producers on the Move

Од:

Режисерот и продуцент Светозар Ристовски од продуцентската куќа Small Moves Films годинава е избран за македонски претставник на Producers on the Move, иницијатива на European Film Promotion, која од 15-ти до 18 мај се одржува по 16-ти пат во склоп на Канскиот филмски фестивал.

– Програмата се одржува на годишно ниво и претставува збирно место на 20 најнадежни продуценти од ширум Европа кои добиваат можност да остварат контакти со филмски професионалци и потенцијална копродукциска соработка на актуелните проекти. Четиридневниот настан на продуцентите им овозможува поголема експонираност и видливост и претставува простор за промоција и развој на европски филмски копродукции преку работилници, индивидуални состаноци, предавања и пичинг сесии каде имаат можност да ги презентираат своите тековни и идни проекти пред своите колеги од индустријата, ссопшти Агенцијата за филм на Република Македонија.

Светозар Ристовски е копродуцент на најновото остварување на Огњен Свиличиќ, „Такви се правилата”, кој премиерно беше прикажан во програмата „Хоризонти“ на минатогодишното издание на Венецискиот филмски фестивал.

Покрај копродукцијата со Свиличиќ, Ристовски е  продуцент, режисер и сценарист на долгометражниот проект „Лазар”, копродукција меѓу Македонија, Бугарија, Хрватска и Франција, кој е во фаза на постпродукција и чија премиера се очекува летово, наведува Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, а познато е кој ќе го замени познатиот актер

Предраг Петровиќ

Обвиненијата за канибализам и силување ја уништија кариерата на познатиот актер

Предраг Петровиќ

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ