Свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката

Од:

Оваа година, здружението „Љубители на класичната музика“ Скопје по деветти пат организира концерт по повод Светскиот ден на хармониката. Свечениот концерт ќе се одржи во сабота, 6. мај со почеток во 21.00 часот на големата сцена во Македонскиот Народен Театар во Скопје. Влезот е слободен.

На концертот по повод Интернационалниот празник и роденден на инструментот хармоника ќе настапат ученици и студенти од класата на Проф. Зорица Каракутовска, како и реномирани уметници од земјата и странство. На програмата ќе бидат изведени дела од: Моцарт, Чајковски, Бете Илин, Зубицки, Дербенко, Анџелис, Пјацола и други.

Светската Унија на хармоникашите во 2009 година одлучи 6-ти мај да го прогласи за Светски ден на хармониката. Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој во 1829 за прв пат е патентиран инструментот хармоника. Меѓународниот проект “6-ти мај Светски ден на хармониката” македонското здружение на хармоникашите го поддржува со успешна реализација на концерти во земјата и странство.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора