Издавачката куќа „Феникс“ ја објави книгата „Детаљот во Ана Каренина и Пиреј“ од проф.д-р Луси Караниколова, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Се работи за студија која се занимава со прашањето за детаљот во два романа – во „Пиреј“ од Петре М. Андреевски и во „Ана Каренина“ од Лав Николаевич Толстој.
– Притоа вниманието е насочено главно кон литерарните подробности што партиципираат во конституирањето на двата женски лика – Велика Мегленоска и Ана Каренина. Провокацијата за еден ваков, ќе си дозволиме да го наречеме обемен зафат, е главно маргинализираноста на оваа наративна единица, заедно со нашето ентузаијастичко настојување да се стави на опит еден, навидум „небитен“ литерарен ентитет, соопшти издавачот.
Ова е втора книга од Луси Караниколова што ја објавува „Феникс“, по нејзината претходна книга, исто така, научна и стручна – „Описот во прозата“.