Студентски поетски фестивал „На крилата на зборот“

Од:

Студентски поетски фестивал „На крилата на зборот“ ќе се одржи денеска во организација на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Активноста е во рамки на чествувањето на патрониот празник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, како дел од националната програма на Министерството за култура на РСМ за одбележување на овој јубилеј.

Ќе учествуваат студенти од Педагошкиот факултет кои ќе рецитираат познати стихови од Блаже Конески, но и ќе настапат со свои авторски песни на македонски, на албански и на турски јазик.

Настанот ќе се одвива онлајн на платформата Microsoft Teams.

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов