Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

Од:

Во Галеријата на Академијата за ликовни уметности во Сараево, вечер во 19 часот, ќе биде отворена меѓународната изложба „4 Земји 4 Универзитети“. На изложбата ќе бидат изложени осумдесетина дела на хартија (графики, цртежи, колажи и плакати), а со свои дела учествуваат и дваесетина студенти од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при УКИМ во Скопје.

Проектот е континуирана меѓународна соработка која во 2024 година беше претставена во Едрене, Турција (на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тракија) и во Ниш (на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш). Секоја година се прави нова, збогатена селекција на дела во согласност со локацијата и концептот на изложбата. Во 2026 година, овој проект ќе биде претставен и во Галеријата на ФЛУ во Скопје.

Учество на студентите на меѓународната изложба во АЛУ Сараево, како и присуството на делегација од четири члена од ФЛУ при УКИМ, е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

ФЛУ Скопје соопшти дека покрај изложбата, посетата ќе биде искористена и за унапредување на Интер институционалната соработка, вклучувајќи потпишување договори за академска и уметничка размена, што ќе овозможи нови можности за споделување знаења, искуства и студентско вмрежување.

Би можело да ве интересира

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани