Македонската филхармонија вечер ќе го организира редовниот годишен симфониски концерт со студенти од факултетите за музичка уметност во Македонија, овозможувајќи им на идните професионални музичари настап со врвен симфониски ансамбл.
Под диригентство на Ле Фи Фи, со Македонската филхармонија како солисти ќе настапат осум студенти кои ја положија аудицијата за настап со оркестарот, а кои ќе претстават разновидна програма.
Ќе бидат изведени дела од Данци, Родриго, Драгонети, Скоумал, Рајнеке, Мандез и Лист.