Струшки вечери на поезијата од 22 до 27 август

Од:

Од 22 до 27 август во Струга ќе се одржат 57. Струшки вечери на поезијата.

Според традицијата, манифестацијата треба да почне на 22 август претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото признание „Златен венец“, за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски. Официјалното отворање е вечерта со палење на фестивалскиот оган и традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата. Поотоа следува Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Престижната награда „Златен венец“ на Загајевски ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот на традиционалното поетско читање „Мостови“, кога ќе бидат доделени и наградите „Мостови на Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга, а годинашниот добитник е Паули Тапио од Финска, како и „Браќа Миладиновци“ чиј добитник треба да биде објавен во текот на фестивалското издание.

Дел од манифестацијата се и поетските читања, поезијата на пат, симпозиуми, омажи, ноќите без интерпункција…Деталите околу годинашното издание Дирекцијата на СВП ќе ги соопшти на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Врачени највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата

Жан Пјер Симеон: Поезијата е местото каде можеме сите да се обединиме

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Сиљановска Давкова ги прими лауреатот, добитничките на награди и организаторите на 63. издание на Струшките вечери на поезијата

„Струшки вечери на поезијата“ од 22 до 26 август под мотото „Допир на убавината“