„Струшки книжевни средби“ – 2013

Од:

Здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга организираат меѓународна книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“ – 2013 што ќе се одржи на 5 и 6 јули во Струга.

Според програмата, на 5 јули во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга ќе се промовираат наградените книги „Мисија“ од Петре Димовски, добитник на наградата „Крсте Чачански“ за 2013 година и „Вистинијана“ од Витомир Долински, добитник на наградата „Јован Котески“ за 2013 година. Потоа ќе има реч за добитниците, читање фрагменти од наградените дела и свечено доделување на наградите.

На 6 јули во црквата „Свети Ѓорѓија“ ќе се одржи поетски митинг „Струшки книжевни бранови“. Ќе има  реч за добитникот на наградата „Голема струшка повелба“ и доделување на наградата.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска