Струшки книжевни средби

Од:

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга денеска почнува меѓународната книжевна манифестација „Струшки книжевни средби, 2013“, на која ќе учествуваат поети и писатели од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија.

Книжевните средби ќе ги отвори претседателот на Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга, кој е и уредник на Списанието „Бранувања“ Петко Шипинкароски. Веднаш потоа ќе бидат промовирани наградените книги од конкурсот „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за необјавена книга.

Годинашни добитници на овие награди се книгата „Мисија“ од Петре Димовски и „Вистинијана“ од Витомир Долински. Попладне предвидено е да се одржи симпозиум „Книжевна пловидба“, годинава посветен на творештвото на Струшко-охридските писатели Јован Стрезовски, Видое Видичевски, Димитрие Дурацовски, Ресул Шабани, Милутин Бебекоски, Славе Ѓорго Димовски и Ивица Џепаровски.

Во рамки на манифестацијата во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид вечер ќе биде промовирана книгата „Наследниците на Херакле“ од Вања Ангелова од Бугарија, во издание на здружението „Бран“.

Во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга, утре ќе се одржи поетскиот митинг „Книжевни бранови“, каде по повод јубилејот 20 години од смртта на Блаже Конески, осврт за неговата поезија подготви Мите Стефоски. Предвидено е да биде доделена и големата награда „Книжевна далга“, чиј годинашен добитник Мерсиха Исмајлоска за личниот придонес за развојот и афирмацијата на критичката мисла за книжевноста во Република Македонија. Потоа следува Поетски митинг со настап на учесници од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија, по што ќе биде доделена наградата „Книжевни бранови“ на тројца поети од Македонија и странство.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање