„Струпки“ – нова поетска книга од Георги Барбаровски

Од:

„Струпки“ е насловот на новата поетска книга од современиот македонски поет, публицист и преведувач, Георги Барбаровски, која излезе деновиве во издание на „Матица Македонска“ од Скопје.

Книгата содржи педесетина песни поделени во четири тематски целини. Кон изданието е поместен и поговор на познатиот поет и литературен критичар Санде Стојчевски, во кој се нагласени високите естетски вредности и оригинални тематски преокупации на авторот.

Георги Барбаровски (Дабиле,1949) и припаѓа на генерацијата македонски поети, која во нашата литература се појави во седумдесетите години на минатиот век. Автор е на стихозбирките: „Око и меч“, „Згром“, „Златен дожд“, „Совршен лов“ и „Пеење и натпе­вање“. Негови творби се преведни на српски, турски, словенечки, албански, романски, полски и чешки јазик.

Објавувањето на „Струпки“ од Барбаровски е во рамки на јубилејната програма на „Матица македонска“ по повод 25-годишнината од основањето на издавачката куќа.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска