Струмичкиот театар учествуваше на фестивалот во Вировитица

Од:

Со претставата „Шепоти од вода“ НТ „Антон Панов“ од Струмица учествуваше на 16 издание на Виркас-Вировитички театарски средби што се одржуваат во Вировитица, Хрватска.

Претставата на струмичкиот театар e во официјална конкуренција за награда на фестивалот, кој почна изминатиот викенд и трае до 8-ми идниот месец.

Публиката ја оценила македонската претстава со оценка 4,33, што според директорот на НУЦК „Антон Панов“, Ванчо Ристов Патриков, е блиску со таа која е оценета домашната претстава „Како и секој ден“ со 4,56.

Инаку, на последното издание на Фестивалот на камерен тетар „Ристо Шишков“, што се одржува во Струмица, претставата „Шепоти од вода“ доби награда за ангажирана претстава, додека актерот на театарот од Вировитица, Драшко Зидар, ја доби наградата за најдобро актерско остварување и медалјонот со ликот на Ристо Шишков.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“