Струмичкиот музеј одбележува 60 години постоење

Од:

Заводот и Музеј од Струмица во јубилејната 60-годишнина од своето постоење големо внимание ќе им посвети на Проектот за реконструкција на зградата на стариот струмички театар и археолошките истражувања на Коридорот 10 од делницата на автопатот Демир Капија-Гевгелија.

Според годишната програма за работа на Националната установа Заводот и Музеј од Струмица, која веќе е потврдена од Министерството за култура, годинава ќе бидат реализирани дестина проекти од областа на археолошките истражувања, реставрацијата и реконструкција и конзервацијата на значајни културно-историски објекти, како и издавање на научни трудови за завршени проекти и  семинари.

Директорот на Заводот и Музеј Струмица Васил Ѓорѓиев изјави дека во годината на одбележување на 60-годишното работењето ќе бидат реализирани повеќе проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство, заштита и конзервација на движното наследство и реализација на музејски поставки со цел презентација на резултатите од научно-истражувачката работа на оваа установа.

– Реконструкцијата и изградбата на зградата на стариот струмички театар и археолошките истражувања на Коридорот 10 од автопатот  на делницата Демир Капија-Гевгелија, се двата најобемни  и во истовреме најначајни проекти во оваа година.Тука ќе ги спомнам и археолошките истражувања на наколните живеалишта во локалитетот Мрдаја, крај Дојран и Црвено Поле, кај Ново Село. Во делот на ресаврации и реконструкции се работите на источната фасада на црквата „Свети Илија“ во Дојран, санација на  покривните конструкции на црквите „Света Богородица Милослива“ во Вељуса и црквата „Свети Леонтие’ во Водоча, рече Ѓорѓиев.

Во рамките на издавачката дејност, Заводот и Музеј-Струмица ќе издаде зборник  „60 години Завод и Музеј-Струмица“, зборник на научни трудови „Струмица и струмичко во Балканските војни  и Букурешкиот мировен договор“ и зборник од археологијата „Од плитар до малтер“.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал