Стота изведба на „Пипи Долгиот Чорап“ на Театарот за деца и младинци

Од:

Театарот за деца и младинци в недела стоти пат ќе ја изведе претставата „Пипи Долгиот Чорап“, чија премиера беше на 23 март 2013 година и која речиси седум години е хит-претстава кај детската публика. Работена е според истоимената книга на Астрид Линдгрен и е лектира за основно образование.

– Одличната драматизација на Бојан Трифуновски, режисерката Драгана Милошевски-Попова ја претвори во незаборавна претстава. Не постои дете кое не би сакало да ги види вратоломиите на Пипи, оригинално девојче кое отскокнува од средината и по начинот на облекување, и по начинот на однесување, пркосејќи им на сите општоприфатени норми и правила. Интересот за нашата Пипи, одиграна од актерка Соња Стамболџиоска, досега е незапаметен. Претставата изобилува со исклучително одиграни карактери кои изобилуваат со хумор и ведрина, соопшти Театарот за деца и младинци.

Покрај Стамболџиоска, во актерската екипа се и: Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев и Горан Ников.

Сценограф на претставата е Кирил Васил, костимограф Марија Пупучевска, композитор Марјан Нечак, кореограф – Симона Спировска.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“