Стојан Стојков и Бисера Чадловска добитници на годишните награди на СОКОМ

Од:

Сојузот на композитори на Македонија ги објави имињата на добитниците на традиционалните годишни награди.

Наградата ,,Панче Пешев“, највисокото професионално признание кое го доделува СОКОМ на музички творци и музички писатели со цел да се истакнат најзначајните музички достигнувања во областа на музичкото творештво и музикологијата, го доби композиторот Стојан Стојков за оперското дело “Змеова невеста“ , по либрето на авторот, на текст на Димитар Молеров, изведено на 7 февруари 2015 година со солистите и ансамблите на Македонската опера и балет под диригентсво на маестро Саша Николовски – Ѓумар.

12992894_10209360926755360_1400766272_n

Наградата “Георги Божиков“ која СОКОМ ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори, во текот на една година, за 2015 година, се доделува на диригентот Бисера Чадловска за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2015 година.

Наградите на добитниците ке бидат врачени на завршниот концерт на “Денови на македонска музика“ со Македонската филхармонија, на 14 април (четврток) во 20 часот во концертаната сала на Дом на АРМ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска