Сто уметници дел од програмата „Култура во време на корона“

Од:

Градот Скопје информира дека до денеска 100 уметници биле дел од програмата „Култура во време на корона“.

– На над 20 локации во осум скопски општини се одржаа изложби, видео-арт презентации, перформанси, концерти на солисти и групи, диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби. Овие настапи беа стримувани на Фејсбук страницата и на Јутјуб каналот на Град Скопје и имаа над 400.000 прегледи, информираат од Градот.

Оттаму потсетуваат дека Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

– Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Сите учесници добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација, информираат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Скопје беше прва локална самоуправа во Европа со проект „Култура во време на корона“

Жарко Настоски

Репризи од „Култура во време на корона“ за време на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

ЈУ Универзална сала и Skopje Light Art District со видео проекција за благодарност до сите што се борат против коронавирусот

Ана Ололовска

Вечер концерти на две музички групи во рамки на Програмата „Култура во време на корона“

Ана Ололовска

Во рамки на програмата „Култура во време на корона“, вечер две нови изведби

Ана Ололовска

„Љубојна“ вечер ќе пее во Буњаковец, „Бонифејс“ во Чаир

Ана Ололовска