Статуафест – „Скопје на улица“ на 17 и 18 септември на улица „Македонија“

Од:

На 17 и 18 септември со почеток во 18.30 часот, ќе се случи уличниот уметнички фестивал за живи статуи и останатите – Статуафест – Скопје на улица, на улица „Македонија“ во Скопје.

Ова е петти јубилеен Статуафест кој Teatrosk го поставува на улиците на нашиот главен град.

– На овогодинешниот фестивал, како и минатата година ќе настапуваат исклучиво домашни артисти од причина што основна цел на нашата театарска компанија за улична уметност е да создадеме пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали, доминантно акцентирање на домашната продукција, па дури потоа следува селекцијата на оние артисти кои доаѓаат од другите земји ширум Европа и светот. Некои од артистите ви се веќе познати, оние кои биле на Статуафест ќе имаат можност да ги препознаваат, но се разбира се појавуваат и дебитанти што нам ни е од огромна важност бидејки интересот за овој вид уметност расте од година во година. Се разбира артистите овој пат ќе бидат во сосем различни улоги. Темата на овогодинешниот Статуафест – Другото лице на улицата е „Скопје на улица“ односно што се прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или пак бавно низ улиците на нашиот град, во преносна смисла Статуафест ќе биде огледало на самите нас, какви сме всушност, информира огранизаторот.

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, а дополнителна поддршка има и од Театар за деца и младинци.

Би можело да ве интересира

Статуафест – Танго на улица – Уличен уметнички фестивал за живи статуи

Ана Ололовска

„Статуафест“ во центарот на Скопје

Ана Ололовска

„Статуафест“ на 4 и 5 септември на плоштад „Македонија“

Ана Ололовска

Статуафест и баскеркараван на градскиот плоштад

Ана Ололовска

„Статуафест и Баскеркараван“ – Интернационален уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи

Ана Ололовска

„Статуафест“ на улица „Македонија“

Ана Ололовска