„Статуафест и Баскеркараван“ – Интернационален уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи

Од 20 до 22 јуни со почеток од 18:30 до 23 часот ќе се одржи Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и Баскеркараван“.

На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи, од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и македонските професионални артисти.

За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и ДЏ Бугимен, како и Онија Блузерите.

Фестивалот ќе се одржува на плоштад „Македонија“ и на улица „Македонија“ која води од плоштадот кон Мајка Тереза.

Главен покровител на фестивалот е Град Скопје.

Организатор на фестивалот е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.

Би можело да ве интересира

Статуафест и баскеркараван на градскиот плоштад

Ана Ололовска

„Статуафест“ на улица „Македонија“

Ана Ололовска

„Статуафест“ на 14 и 15 септември во Скопје

Ана Ололовска