Српскиот поет Душко Новаковиќ почесен член на ДПМ

Од:

Српскиот поет Душко Новаковиќ е примен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Свеченото прогласување ќе се одржи утре во просториите на Македонската писателска асоцијација.

За творештвото на Душко Новаковиќ ќе зборуваат Веле Смилевски, претседател на Собранието на ДПМ и Ристо Лазаров, автор на препевот и уредник на изборот поезија на српскиот поет објавен на македонски јазик во издание на „Везилка“ од Скопје. Стихови ќе чита и средбата ќе ја води Александра Велинова.

Душко Новаковиќ е долгогодишен препејувач и преведувач на македонската литература на српски јазик. Досега превел педесетина македонски поети. Автор е на големата Антологија на современата македонска поезија „Сон над хартијата“ објавена во Црна Гора.

Душко Новаковиќ е роден во 1948 година во Титоград, денешна Подгорица,  а се школувал во Црна Гора, Македонија и Србија. Секретар е на Српското книжевно друштво и член на Српскиот ПЕН центар. Автор е на 20 поетски книги. Добитник е на највисоките книжевни награди во Србија, меѓу кои „Милан Ракиќ“, „Бранко Миљковиќ“ и „Васко Попа“. Застапен е во повеќе антологии на српската поезија објавени во светот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска