Во Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово денеска ќе се одржи средба со современиот македонски писател Владимир Плавевски, добитник на наградата „Роман на годината“ што традиционално ја доделува Утрински весник.
За награденото дело романот „Јадица“ ќе говорат, Раде Силјан и Катерина Богоева, уредник на културната редакција во Утрински весник.
Извадоци од книгата ќе читаат Горан Илиќ и Кети Дончева Илиќ, а пред присутните свое обраќање ќе има и писателот Плавевски.