Средба на читателите со Лејла Сабит, авторка на „Животот во излог“

Од:

Во книжарницата „Матица ексклузив“ денеска беше организирана средба на читателите со Лејла Сабит, авторка на книгата со колумни и коментари „Животот во излог“. Тоа е нејзина прва книга во која се опфатени избор колумни за модата и естрадата што ги објавила во изминатите седум години во дневниот весник „Вест“, во кој е уредник на рубриката „Живот“.

– Ова ми е трето среќавање со читателите. Лани имав потпишување на Саемот на книгата, кога излезе книгата, имав и официјална промоција, а ова е второ потпишување за читателите, по желба на издавачот, што значи дека има интерес за книгата. Драго ми е што ме читаат и што го читаат „Вест“. Се надевам дека колумните некогаш ги насмејуваат, ги растажуваат, ја откриваат нашата сурова вистина каде живееме во однос на светот, изјави Сабит.

Задоволна е и од тоа што читателите во своите коментари се согласуваат дека е вистина напишаното во нејзините текстови, во кои таа неретко е и критична кон настани и личости од јавниот живот во Скопје кое, како што вели, „час е паланка, час е европски град“.

– Некои личности се генерално спомнати, како статус, како функција, како хиерархија. На некои личности, кои со својот имиџ или работа го одбележуваат градот, им се обраќам лично, по име. Нема лутење, тоа е Скопје, Македонија. Не сум анонимна и не е лесно да се потпишете зад нешто кое го именувате, но досега немам негативни искуства, додаде Сабит.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска